Најдено телото на внуката на Роберт Кенеди, потрагата по нејзиниот син продолжува

Пронајдено е телото на Маеве Кенеди Таунсенд Мекин, внуката на Роберт Ф. Кенеди која минатиот викенд со синот се удави во Мериленд во САД.

Маеве и 8-годишниот Гидеон исчезнаа во четвртокот доцна попладнето во заливот Чисапике, а во близина на местото на исчезнувањето е пронајдено празно кану.

Телото е најдено по повеќе од 26 часа потрага

Една од агенциите кои ги барала, „Charles County Dive and Rescue“ го пронашла телото на Маеве на длабочина околу 8 метри, околу 4 километри јужно од куќата на нејзината мајка во Мериленд, од каде тргнале со кануто.

Потрагата траела повеќе од 26 часа и пребарано е подрачје од 5.887 километри. По детето се уште се трага.

Играле со топка која им паднала во вода – Тргнале по неа

Како што пренесува Њујорк Пост, Маеве и нејзиниот син си играле со топка која им паднала во вода па тргнале со кану по неа. Отишле предалеку и не можеле да се вратат, рекол сопругот на Маеве, Дејвид Мекин.

Имала само 40 години

Маеве ја советувала администрацијата на Обама за глобалната програма против сида и волонтирала за мировните сили во Мозамбик. Имала 40 години.

Роберт Францис кенеди, нејзиниот дедо, бил политичар и правник, брат на бившиот американски претседател Џон Кенеди, за време на чиј мандат тој бил министер за правосудство. Како и неговиот брат Џон, и Роберт бил убиен во атентат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот