Најдено изгорено машко тело, по пожар во импровизирана барака

Фото: Профимедиа/Илустрација

Изгорено машко тело е најдено во остатоците од импровизирана барака што изгоре ноќеска во близина на спортската сала на тетовскиот спортски центар, информира денеска СВР Тетово.

Пожарот во тетовската Пожарна е пријавен ноќеска околу 3 часот, а подоцна и полицијата добила повик за настанот.

-Пријавен е пожар во импровизирана барака на улицата „Љубо Божиновски-Пиш” кај спортската сала. Бараката е целосно изгорена, а при тоа е најдено безживотно изгорено машко тело. Увид на местото направиле претставници на Јавното обвинителство, СВР Тетово и Судска Медицина. По наредба на обвнителот телото е предадено за обдукција и идентификација во Институтот за судска медицина во Скопје- изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Истрагата продолжува со мерки со кои ќе се откријат причините и околностите за настанување на пожарот, информираат од тетовската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот