НАЈДЕНА ПОДМОРНИЦА ИСЧЕЗНАТА ПРЕД 75 ГОДИНИ: 80 морнари тргнале во мисија и никогаш не се вратиле (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Истражувачот Тим Тејлор открил подморница, која се водела како исчезната уште пред 75 години, за време на Втората светска војна.

Во тој момент во подморницата се наоѓале и 80 морнари кои тргнале во мисија од која никогаш не се вратиле.

Тејлор, водач на проектот посветен на пронаоѓање на 52 исчезнати американски подморници од времето на Втората светска војна, за медиумите соопштил дека неговиот тим ја пронашол подморницата „УСС Грејбек“ на еден брег во Окинава.

Подморницата Грејбек го напуштила Перл Харбор на 28 јануари 1944 година, со цел да ја изврши својата 10. мисија, но никогаш не се вратила.

Податоци од Јапонија во врска со оваа подморницa, потоа покажале дека таа била погодена од авионска бомба тешка 227 килограми.

Исто така биле наведени и координатите, но дури минатата година јапонскиот истражувач Јутака Ивасаки, кој соработувал со тимот на Тејлер, открил дека една бројка е погрешно преведена.

Набргу е откриено дека Грејбек била погодена 160 километри подалеку од локацијата на која првично се мислело дека тоа се случило.

Тимот на Тејлор го пребарал подрачјето со помош на автономни дронови, за после повеќегодишна потрага конечно и навистина да ја пронајдат оваа подморница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот