Најдена бомба од Втората светска војна во Будимпешта: Евакуирани 3.500 луѓе

hajozas.hu

Унгарската полиција денеска ги евакуираше жителите од еден кварт во Будимпешта поради отстранување на бомба заостаната од Втората светска војна.

Евакуирани се околу 3.500 жители од областа околу градскиот парк во центарот на Будимпешта, а целиот крај е делумно блокиран.

Стопиран е и автобускиот и тролебускиот сообраќај, а градските власти обезбедија привремено сместување за евакуираното население, како и превоз и помош за болните и стари лица.

Бомбата тешка сто килограми од Втората светска војна откриена е вчера при изведување на градежни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот