Најден удавен маж на брегот на Вардар кај поранешен велешки ХИВ

Рибари вчера околу 13.30 часот во полиција пријавиле дека на место познато како „Грнчкишки лаки”, на брегот на реката Вардар кај поранешната Фабрика за вештачки ѓубрива „Хемиска индустрија Велес”, пронашле тело на починато машко лице.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, полицијата извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот