Најчудните зборови кои лекарите ги чуле од луѓе пред нивната смрт

смрт

Често последните зборови ги слушаат лекарите и членовите на семејството. Некогаш оној кој е на смртна постела не ни говори ништо, но постоеле случаи кога нештата кои ги кажувале биле шокирачки, изненадувачки, па дури и бизарни.

Лут до самиот крај

Во последните моменти од својот живот, поранешен член на криминална банда бил во болница. Неговата мајма му шепнала „Оди кон светлото, оди кон Исус“, а тој одговорил „Ама баш ми е гајле за Исус“, а веднаш потоа извикувал „По ѓаволите, по ѓаволите, не!“ Веднаш потоа згаснале сите негови витални функции.

Неразбирање на смртта

Смрт на децата е нешто што е најболно за родителите и целото семејство. Едно дете настрадало во пожар и додека лекарите се обидувале да го спасат, тоа само кажало „Мама ќе ме кара затоа што ја извалкав облеката“ и веднаш потоа починало.

Халуцинации

Многу луѓе пред смртта халуцинираат и се збунети за времето и просторот во кои живеат. Најчесто се сеќаваат на нешта од своето минато. Еден ветеран од Втората светска војна во последните мигови од животот молел за милост. Кога донеле лекар кој зборува германски јазик и му кажал „Во ред е, слободен си“, човекот се смирил и по неколку секунди починал.

Луѓе во црно

Не секогаш луѓето гледаат пријатни нешта пред да умрат. Една жена во старечки дом, чии витални функции полека откажувале, ја повикала медицинската сестра и ѝ кажала дека човекот во црно е тука и барала да го избрка. Сестрата останала покрај жената, држејќи ја за рака, додека да ја испушти душата.

Чекање

Возрасен човек на смртна постела сакал да се прости од своето семејство. Му кажале дека неговиот син, кој живее во странство, ќе пристигне за 17 часа. Тој кажал само „17 часа, предлого е…“ Кога синот пристигнал, поразговарале и по неколку минути починал.

Смисла за хумор

Некои луѓе, дури и во најтешките мигови, се способни да се шегуваат. Еден пациент првично преживеал операција во која му биле ампутирани двете нозе. Но, било очигледно дека нема да издржи уште долго. Кога дошла докторката на посета и преглед, тој ѝ рекол: „Сега сум полесен од претходно“. Истиот ден починал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот