Најчевска со предлог: Сите високи функционери да се тестираат за користење на психотропни супстанци - Слободен печат
ВестиМакедонија

Најчевска со предлог: Сите високи функционери да се тестираат за користење на психотропни супстанци

Најчевска истакна дека сите пратеници и високи функционери барем два пати годишно треба да се тестираат за уптореба на психотропни супстанци. 

Професорката Мирјана Најчевска ја коментираше актуелната ситуација со пратеникот Павле Богоевски, па истакна дека е за легализација на марихуаната, меѓутоа дека и се потребни „чисти глави“ во Собранието.

Најчевска истакна дека сите пратеници и високи функционери барем два пати годишно треба да се тестираат за уптореба на психотропни супстанци.

„Јас мислам дека сите пратеници и високи функционери во власта треба барем два пати годишно да бидат проверени за употреба на психотропни супстанци.Функциите носат привилегии, мора да носат и ограничувања. Јас лично сум за леализирање на марихуаната и еден сосема поинаков пристап кон консумирањето на психотропни сусптанци, меѓутоа, во Собранието сакам луѓе со чисти глави.
Јас исто така мислам дека треба да има и тестови за општа интелегенција .Навистина ми е преку глава од “народни претставници“ со пола грам мозок кој не можат да соберат 2+2, а камоли да разберат што пишува во законските предлози за кои дигаат рака“ стои во објавата на професорката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close