Најчевска: Oчекувам наскоро да бидам повикана на мојата нова функција – советничка за балет

Фото: Принтскрин

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил објави дека очекува наскоро да биде повикана од кабинетото на премиерот за нејзината нова функција.

Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:

„Очекувам во најскоро време да бидам повикана од кабинетот на Премиерот на мојата нова функција: советничка за балет и сродни уметности.Преговорите за надокнадата за моите високо-професионални советнички услуги се во тек.

Не се согласувам да имам ни денар помалку од Цветанка Ласкова (со која ќе комуницирам на дневна основа) или од она детето, како се викаше? аааа, да, синот на Нано Ружин од кој очекувам да ме запознае со ноќниот живот по франкофоните метрополи. Со Венко Андоновски не би се дружела. Некако досаден е бре, а и може веднаш да ми се наџитка да ми пишува биографија. Не фала.

Не сум сигурна која ќе биде мојата работа, меѓутоа спремна сум да дадам најдобри и најпрофесионални совети од областа за која појма немам.

Во текот на мојата советодавна работа имам намера да ги посетам сите театри во Европа, Америка, Канада и Австралија со цел што подобро советување на Премиерот ни“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Очекувам во најскоро време да бидам повикана од кабинетот на Премиерот на мојата нова функција: советничка за балет и…

Publiée par Mirjana Najchevska sur Mercredi 29 mai 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот