Најчести грешки кои ги правите со КОСТИМОТ ЗА КАПЕЊЕ: Послушате ги овие совети

плажа бикини

Костимите за капење се изработени од растеглив и издржлив, но во исто време и деликатен материјал и треба да ги третирате поинаку од обичната облека.

При купувањето, информирајте се за начинот на одржување и следете ги упатствата за перење на етикетите.

Ова се најчестите грешки кои речиси сите ги правиме со костимите за капење:

Предолго изложени на сонце

Доволно е што ги носите на плажа, но потоа, обидете се испраниот костим да го сушите на сенка, но на место каде има струење на воздух. УВ-зраците може да влијаат врз еластичноста.

Перење во машина

Избегнувајте вашиот костим да го перете во машина за перење. Најдобро е да го оставите да откисне во леѓен со млака вода и детергент, а потоа убаво да го исплакнете.

Избор на модел

За секој облик на тело постои и костим за капење кој ќе стои како да е кроен за него. На вас е да го најдете оној кој ви одговара, без разлика дали се работи за дводелен, едноделен, модел на врзување и т.н.

Носете резервен костим

На одмор секогаш носете барем два пара костими за капење. Ако се криете под чадор, многу побавно ќе се сушите, но и ќе можете едниот темелно да го исперете и да имате резервен, додека да се исуши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот