Најбрзо растечка индустрија: Играш игри и заработуваш 70.000 долари годишно

„Е-спортот“ стана најбрзо растечка индустрија во светот која постојано ги поместува границите.

Новата листа на „Форбс“ го докажува ова со фактот дека на неа се наоѓаат дури 13 „е-спорт“ огранизации и тимови чија вредност надминува 100 милиони долари.

„Форбс“ ја објави листата на 13 „е-спорт“ компании чија вредност е поголема од 100 милиони долари. Покрај тоа, глобалните приходи од „е-спортот“ оваа година ќе достигне 1,1 милијарда долари, што е за 27 проценти во однос на 2018 година, а Северна Америка сочинува дури 40 проценти од овој колач.

Во светот на растечкото влијание во „е-спортот“, една од најпознатите огранизации или тимови е „Фејз Клан“. Организацијата на чија импресивна листа на партнерства се популарните игри „ПУБГ“, „Кол оф Дјути“, „ФИФА“ и „Фортнајт“, а тие имаат 19 милиони следбеници на „Јутјуб“, „Твитер“ и „Инстраграм“, што е повеќе од професионалните кошаркарски тимови „Далас Каубојс“ и „Њујорк Јенкис“.

„Фејс Клан“ денеска вреди 240 милиони долари, со што се најде на четвртото место на листата на „Форбс“ за најкорисните огранизации за извоз.

На првото место е американската огранизација и еден од најпопуларните „е-спорт“ екипи во светот „Клауд9“ кој вреди 400 милиони долари.

Веднаш зад „Клауд9“ е „Тим СолоМид“ со вредност од 400 милиони долари, а во чиј тим се „Лиг оф леџендс академи“, „ПУБГ“, „Фортнајт“ и многу други светски познати игри.

Натпреварите во играње видео-игри денеска имаат публика од 454 милиони луѓе, а технолошките аналитичари предвидуваат пораст за уште 190 милиони луѓе. Просечен играч, според проценките на аналитичарите, е машко лице на средни години кое заработува речиси 70.000 долари годишно.

Растот на модерниот „е-спорт“ кој денеска го познаваме се поврзува со Јужна Кореа кон крајот на деведесетите години кога се огранизирани првите професионални лиги, турнири и натпревари во играта „Старкрафт“. Денеска, според наградниот фонд, најголем турнир е „Д интернешнал турнир“ во он-лајн играта „Дота 2“. Потоа следат „ИЕМ Катовице“, „Инернешнел“ и „Фортнајт“ светскиот куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот