Најбогатите Американци годишно затајуваат 175 милијарди долари данок

Некои експерти предупредуваат дека зголемувањето на даноците ќе доведе до уште поголемо затајување, пишува Гласот на Америка.

Најбогатите Американци годишно избегнуваат да платат 175 милијарди долари данок, па американските власти планираат да ги финансираат најголемите инвестиции во инфраструктурата со зголемување на даноците од најбогатите и големите компании.

Некои експерти предупредуваат дека зголемувањето на даноците ќе доведе до уште поголемо затајување, пишува Гласот на Америка.

Не е тајна дека во САД има различни дупки во даночните закони, но новото истражување спроведено од Даночната управа (IRS) и Националното биро за економски истражувања покажа дека еден процент од најбогатите ги намалуваат своите приходи за 20 проценти и плаќаат помалку данок.

– Постои софистициран метод на затајување данок меѓу најбогатите, кој не може лесно да се утврди со рутински проверка на даночните долгови, вели еден од авторите на студијата, Даниел Рек од Лондонската школа за економија.

Најчесто парите се кријат на оф-шор сметки или профитите се намалуваат така што тие се оданочуваат како вообичаени, а не исклучително големи.

Главната причина за ова затајување данок е тоа што со години не се инвестирани доволно пари во Даночната управа, па затоа е намален бројот на истраги за плаќање данок, особено кога станува збор за лица кои енормно заработуваат и чии даночни пријави се сложени за обработка.

Постојат и голем број сиви зони кои богатите ги користат за да плаќаат помалку, а особено се злоупотребуваат даночните олеснувања. Рек истакна дека тие злоупотреби тешко се докажуваат на суд и дека станува збор за долгорочни процеси за кои Даночната управа нема доволно средства.

Студијата за даночно затајување е објавена во момент кога Конгресот на САД започна дискусија околу предлогот на претседателот Џо Бајден за зголемување на даноците за богатите.

Видео на денот