Најбогатиот човек во светот „тежи“ 171 милијарда долари

Богатството на Џеф Безос уште еднаш забележа раст. Најбогатиот човек на светот сега е побогат од било кога до сега.

Откако луѓето ширум светот поради кризата се насочија кон онлајн тргување, Амазон забележа сериозни приливи на средства.

Уште од февруари, Безос носеше пресметани одлуки кои само му ја зацврстија позицијата на врвот на листата најбогати. Дури и по разводот, поради кој беше приморан на својата поранешна сопруга да и исплати 36 милијарди долари, неговото растечко богатство е незапирливо.

Неговиот претходен рекорд беше забележан во септември 2018 година, тогаш Амазон вредеше 167,7 милијарди долари. Сега овој број се искачи на 171,6 милијарди долари.

Меѓутоа, тој не е единствениот чие богатство порасна. Илон Маск исто така профитираше, како и сопственикот на платформата „Зум“ чие богатство се удвои, и сега изнесува 13 милијарди долари.

Бил Гејтс останува на второ место со своите 114 милијарди долари, додека Марк Цукерберг исто така го зголеми своето богатство, и сега има 90,2 милијарди долари.

Кога станува збор за жените, поранешната сопруга на Безос, Мекензи, се наоѓа на дванаесетото место на листата најбогати луѓе на светот, што пак ја прави втора најбогата жена во светот, веднаш по наследничката на компанијата Лореал, Франсоаз Бетенкорт Мајерс, чие богатство се проценува на 64 милијарди долари.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот