Најбогатиот човек во Европа не се откажува од купување на Милан

twitter.com/zazoomblog

Најбогатиот човек во Европа и вториот најбогат човек на светот, Бернар Арно води интензивни преговори за купување на “росонерите“.

Иако во последните месеци неколку пати беше лансирана оваа вест, таа постојано беше демантирана. Сепак,овој пат „Ла Република“ се повикува на извори во клубот. Според весникот, сопствениците на Милан, инвестицискиот фонд Елиот е во поодмината фаза од преговорите со Арно за евентуалното купување на италијанскиот тим.

Богатството на сопственикот на луксузниот моден бренд „Луј Витон“ е проценето на 93 милијарди евра, упатил понуда тешка дури 975 милиони евра за купување на Милан. Првата понуда е одбиена бидејќи сопственикот на фондот Елиот, Пол Сингер, бара дури 1.2 милијарди но поради катастрофалните игри на Милан сезонава е приморан да ги намали барањата.

Весникот тврди дека во првите две недели од јануари се очекува Милан и официјално да добие нов сопственик кој вети дека ќе стори се за да ја врати старата слава на екипата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот