Најбизарните и најстрашни љубовни приказни во историјата

Profimedia

Колку е љубовта убава, толку е и слепа. Поради неа луѓето често правеле бесмислени работи, се воделе војни, се убивале и што уште не. Ова се некои од најстрашните и најбизарни љубовни барања и приказни во историјата.

Бизарните љубовни барања на Каролина Ламб

Каролина Ламб била писателка која имала љубовна афера со лорд Бајрон. За денот на вљубените таа побарала необичен подарок од нејзиниот љубовник – неговите срамни влакна. Таа наводно му испратила писмо со нејзините срамни влакна, а за возврат истото го очекувала и од него.
Набрзо по нивната разделба таа му испратила друго бизарно писмо во кое му пишувала дека се пресекла и дека му советува да на ги држи ножиците како што ги држела таа, за да не се повреди. На ова писмо не добила одговор.

Внимателно со подароците за кралот Хенри VIII

Луѓето кои се во врска сакаат да си подаруваат убави подароци. Сепак, некои подароци можат понекогаш да го навредат оној на кого му се упатени, како што бил случајот со англискиот крал Хенри VIII. Тој бил сестран човек, сакал едрење, јавање, лов, тенис, па не било тешко да му се одбере подарок, како на пример пушка, рекет или ново едро.
Меѓутоа, ако не сте познавач на спортот, би можеле на „наводниот композитор на фолк песни“ да му подарите инструмент, така барем размислувале неговите жени.
За жал, кога тоа се случило, кралот се налутил и им ги отсекол главите. Да знаеле, ќе му подареле седло.

Profimedia

Ана Ивановна и костимите како кокошки

Ана Ивановна била руска царица од 1730 година, ќерка на царот Иван V и внука на Петар Велики. Откако нејзиниот чичко ја преземал власта од татко ѝ, првиот период од животот го поминала како не особено важна принцеза на неговиот двор. По успехот во војната против Полска во 1710 година, Русија остварила надмоќ на територијата на Литванија, Летонија и Естонија, со која управувал младиот неженет војвода Фридрик Вилим. За да ја ја зацврсти нестабилната власт, тој го прифатил предлогот на Петар Велики да се ожени со Ана. Една година подоцна, по враќањето во својата земја, војводата се разболел и умрел. Ана решила дека нема да жали поради тоа, па почнала да изнаоѓа необични начини на забава. Таа го натерала нејзиниот слуга да се ожени за нејзината постара слугинка и да ја поминат првата брачна ноќ во замрзната палата. Позната била и по тоа што ги терала слугите да се облекуваат како кокошки и да глумат дека несат јајца.

https://commons.wikimedia.org/V.Jacobi

Џон Раскин и неговата запрепастеност од женско тело

Овој уметнички критичар од 19 век за време на неговата прва брачна ноќ бил толку запрепастен од тоа што неговата жена имала срамни влакна, па побарал да го одложат консумирањето на бракот за шест години.

Нерон и кастрацијата

Римскиот император бил одличен војсководец, но грозен маж. Неговата бремена сопруга ја убил скокајќи ѝ врз стомакот, а потоа жалел по неа носејќи маска на лицето. На крајот кастрирал еден од неговите робови зашто му личел на убиената сопруга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот