Најавено учество на Заев и Димитров на Делфи економскиот форум во Атина

Организаторите на Делфи економскиот форум информираа дека на овогодишното шесто издание на овој собир, што ќе се одржи од 10 до 15 мај, ќе учествуваат и премиерот Зоран Заев и вице-премиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, јави дописничката на МИА од Атина.

Оваа година поради Ковид-19, Форумот ќе се одржи во палатата „Запио” во Атина, а не традиционално во градот Делфи.

Поради околностите наметнати од пандемијата, планирано е дел од учесниците на форумот да бидат со физичко присутни, а дел онлајн, при што е предвидено премиерот Заев и вицепремиерот Димитров да допатуваат во Атина.

На денешната прес-конференција на која беше презентирана програмата и беа соопштени детали, претседателот на Делфи економскиот форум Симеон Цомокос, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, потврди дека и Заев и Димитров ќе бидат во Атина и откри дека со нив, е планирано да организираат настан на крајот на јуни во Скопје.

На петтиот ден од форумот, на 14 мај, ќе се одржи дискусија за Западен Балкан, на која ќе учествува премиерот Зоран Заев, како и неговите колеги од Црна Гора и Босна и Херцеговина, а се очекува потврда и од српската премиерка.

Цомокос рече дека очекува присуство на повеќето од премиерите од регионот за да разговараат заедно со надлежниот комесар од Унијата за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, но и за да имаат дискусии со грчката Влада.

Предводенот е Заменик-претседателот на Владата Димитров да учествува на две дискусии поврзани со надворешната политика.

Делфи економскиот форум е под покровителство на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, која ќе се обрати на свеченото отворање на 10 мај заедно со нејзините од Естонија и Словачка.

На првиот ден од форумот, во Атина ќе присуствува и премиерот на Шпанија Педро Санчез, кој ќе учествува на дискусија со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

На шестиот Делфи економскиот форум се поканети 800 високи учесници од 42 земји, ќе бидат опфатени десет теми поврзани со геополитиката и меѓународната безбедност, светската економија, иднината на Европа, здравството, климатските промени, општеството, образованието и културата

Оваа година, голем дел од форумот ќе биде посветен на јубилејните 200 години од грчката револуција.

Економскиот форум Делфи е независна и непрофитна организација со меѓународен карактер, каде секоја година се среќаваат престижни личности од економијата, политиката и академската заедница.

Целта на Форумот е да претстави реална рамка на цели и активности, да се бараат политики за справување со глобалните предизвици и да се најдат соодветни решенија за сложените и меѓусебно зависни прашања со кои се соочува Грција, Југоисточна Европа и Источниот Медитеран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот