Најавени законски измени за повеќе пари и нивна подобра распределба за развој на региони

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на делницата на локалниот пат до регионалната депонија Русино, во општина Гостивар.

– За предложените измени на законот е разговарано и со премиерот. Со нив е предвидено повеќе средства, а со тоа и ќе можеме дополнително да ги финансираме регионите и да се запази рамномерниот реазвој. Досега, за рамномерниот развој и правичното финасирање само Министерството за локалната самоуправа учествуваше и водеше сметка. Останите министерства иако инвестираа во развојот на државата, не водеа доволно сметка за рамномерноста. Новите измени предвидуваат методологија според која и останите министертва ќе издвојуваат средства според потребите на регионите. Досега имало проблеми, но со новиот закон тоа би се надминало, изјави Милевски.

Прочитајте и...  Зависноста од игри на среќа и спортско обложување во време на пандемијата на коронавирусот

На промовирањето на прокетот за рехабилитација на локалниот пат кој води од месноста Сушички мост до депонијата Русино со министерот беа и градоначалниците на општините Тетово и Гостивар, Теута Арифи, Арбен Таравари и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи.

Министерот Милевски нагласи дека за првата фаза на рехабилитацијата на околу 2,5 километри од патот, издвоило 24,5 милиони денари. Тој изрази надеж дека за следната година ќе се најдат доволно пари и за втората половина и негово целосно завршување, а за оваа година, како што нагласи, за проектите на полошкиот плански регион министерството издвоило уште 55 милиони денари.

Во рамки на решавање на прблемот со депонирањето на сметот, Милевски кажа дека се издвоени и дополнителни средства за изработка на проектна документација за изградба на алтернативен пат којшто ќе ја поврзува депонијата со магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Прочитајте и...  Белгија има најголема стапка на смртност од коронавирусот заради „непотврдените случаи“

За изградбата на алтернативниот пат, градоначалникот нагласи дека во значителна мера ќе го сопре загадувањето на околината и градската средина, особено по рутата по која се движат камионите со комунален смет. Тој уште еднаш ја повика централната власт да најде решение за регионалните депонии или да ги врати ингеренциите за управување на локално ниво. Со тоа, како што рече, ќе се избегнат катастрофи како таа од пред еден месец кога два дена гореше ѓубриштето на депонијата.

Како што истакна градоначалничката на општина Тетово Теута Арфи, овој проект е резултат на соработката на девет општини и оти тоа е добро основа за натамошна соработка.

Прочитај повеќе

Одложено лансирањето на ракетата, нов обид во сабота

Слободен печат

Тивок бунт во Франција: Угостителите на празни маси и со положени униформи ги сервираа своите барања

Слободен печат

Ваучер од 6 илјади денари за летување во Македонија може да добијат повеќе членови на исто семејство

Слободен печат

САД надмина 100 илјади жртви од коронавирусот

Слободен печат

Филипче: Имаме помала стапка на смртност од Грција и од Словенија

Слободен печат

Еден од платените убијци кои пукаа во црногорскиот мафијаш во Киев имал македонски пасош (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Лошото време може да го одложи стартот на ракетата на „СпејсИкс” со американски астронаути

Слободен печат

Вашингтон формално заклучи дека Хонгконг не ја задржал автономијата

Слободен печат

Заев апелира мерките да се почитуваат без исклучок

Слободен печат

Борел: Единствено дијалогот на ЕУ гарантира европска иднина на Србија и на Косово

Слободен печат

Терминот во којшто може сигурно да се очекува отворање на градинките е 15 јуни

Слободен печат

Се чека дури 14 дена за испорака: Календар со нацисти предизвика бес ширум светот!

Слободен печат