Најавен дијалог и заедничка изјава на САД и на ЕУ за Кина

Фото: EPA-EFE/THOMAS PETER / POOL

Се очекува САД и ЕУ да објават „силна” заедничка изјава за нивниот пристап кон Кина на состанокот закажан за денеска, што ќе потврди се поголемо приближување на ставовите за предизвиците со кои се соочува Пекинг, изјави висок американски функционер од Стејт департментот.

Американската заменичка државен секретар Венди Шерман и генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи Стефано Санино денеска ќе копретседаваат со вториот дијалог меѓу САД и ЕУ за Кина и консултациите на високо ниво за Индо-Пацификот в петок, соопшти Стејт департментот.

Европската комисија денеска ја објави новата европска инвестициска стратегија „Глобал Гетвеј”, која ќе финансира проекти ширум светот во областа на зелената и дигиталната транзиција, енергетската и транспортната инфраструктура, како и зајакнувањето на областите на здравството, образованието и истражувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот