Најавата на нова вакцина донесе огромна заработувачка на компанијата „Модерна“

ФОТО - Архива : Модерна, EPA-EFE/CJ GUNTHER

Акциите на американската биотехничка компанија „Модерна” скокнаа дури 30 проценти минатиот понеделник, откако беше објавено дека се постигнати ветувачки резултати во потрагата по ефикасна вакцина против коронавирусот, објави Си Ен Ен.

Во понеделникот и вторникот, финансиски и медицински директори на компанијата Модерна ги продадоа своите акции и остварија вкупна добивка од 27 милиони долари за само 24 часа.

Вкупната пазарна вредност на оваа биотехнолошка компанија се искачи на неверојатни 29 милијарди американски долари, иако фирмата нема свои производи на пазарот, според Си Ен Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот