Најава за средба во наредните две недели: Путин и Лукашенко во четири очи во Москва

Фото: EPA-EFE/YAUHEN YERCHAK

Претседателите на Русија и на Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко ќе се сретнат во Москва во наредните две недели, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, отворајќи го состанокот со неговиот белоруски колега Владимир Макеј, на кој присуствуваа голем број учесници, јави агенцијата ТАСС.

– Најавено е дека состанокот на претседателите на двете земји ќе се одржи во главниот град на Русија во следните две недели, рече Лавров.

Според него, тоа ја нагласува заемната намера за развој на еднакви и заемно корисни односи. Министерот за надворешни работи Владимир Макеј е во еднодневна работна посета на Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот