Најава за нови бури во Италија, Венеција повторно го активира системот „Мосе“

Системот против поплави и силни ветрови во Венеција, МоСЕ/ Фото EPA-EFE/ANDREA MEROLA

Поради големиот број на бури и силни ветрови, властите во Венеција го активираа градскиот систем за одбрана од поплави, т.н. „Мосе“, се наведува во твитот на градоначалникот Луиџи Бругнар.

Во извештајот објавен во вторникот се вели дека од петок властите очекуваат поплави и дека нивото на водата може да се зголеми до 1,35 метри до среда навечер, пренесува „Ла Република“.

Метеоролозите очекуваат дополнително невреме во среда и четврток.

Подигнувањето на нивото на морето и се заканува на Венеција

Системот Мосе за заштита од поплави – чие име доаѓа од италијанскиот термин за Мојсеј – е дизајниран да ја заштити Венеција од бури. Се состои од 78 бариери кои градот може да ги подигне на три влеза и е во функција од 2020 година.

Проектот вреден милијарди долари е контроверзен: корупцијата, бирократијата и политичките и економските интереси долго ја одложуваат неговата изградба.

Експертите велат дека е можно од 2075 година системот да мора да биде активен во текот на целата година доколку климатските промени – а со тоа и порастот на нивото на морето – не се забават многу.

Венеција го активираше најновиот систем против поплави, утре се очекува метар над просекот

ВИДЕО: Редок медитерански ураган ја погоди Италија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот