Најава од недела: Франција воведува задолжителен ПЦР тест за сите патници при влез во земјата

Фото: EPA-EFE/EDDY LEMAISTRE

Францускиот претседател Емануел Макрон им порача на своите колеги од Европската Унија (ЕУ) дека PCR-тестовите од недела ќе бидат задолжителни за сите патници кои пристигнуваат во земјата, објавено е од кабинетот на Макрон.

Прекуграничните работници и копнениот транспорт ќе бидат ослободени од таа обврска, додаде француското претседателство.

Тестот ќе треба да биде направен на 72 часа пред поаѓањето, беше речено по видео-самитот на лидерите на ЕУ што се одржа вчера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот