Најава од Холандија: Озаконување на еутаназија на деца на возраст од 1 до 12 години

Фото: thejakartapost.com

Холандскиот министер за здравство, Хуг де Јонге најави озаконување на еутаназијата на деца од една до 12 години кои се западнати во крајна фаза на неизлечива болест.

Во Холандија е озаконета еутаназијата на лица над 12 години, кои можат да дадат согласност, како и на бебиња до една година со согласност од родителите. Но, сè уште не е озаконета еутаназијата на деца до 12 години, бидејќи не можат сами да донесат одлука.

– Истражувањата покажуваат дека на лекарите и на родителите на неизлечиво болните деца им е неопходно да се озакони еутаназија на деца, кои многу стртадаат и во догледно време ќе починат, се наведува во писмото на Де Јонге испратено до Парламентот.

Во 2002 година Холандија и Белгија станаа први држави во кои е озаконета еутаназијата. Белгија во 2014 година прва ја легализира доброволната еутаназија на деца, а набрзо и Холаднија го следеше нејзиниот пример.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот