НАИМ ќе презентира нов вид на маска против ковид-19 со поддршка на министерство за здравство

профимедиа

Презентација на иновација на нов вид заштитна маска за повеќекратна употреба за заштита од вирусот ковид-19 ќе се одржи денеска во ЕУ Инфо центарот, во организација на Национална асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (НАИМ), со поддршка од Министерството за здравство.

– Пронаоѓач од НАИМ патентирал целосно нов вид заштитна маска за повеќекратна употреба од која се очекува решавање на проблемот на „одбојност кон употреба на заштитна маска” што е и една од главните причини за несузбивање на пандемијата ковид 19, наведуваат од НАИМ.

Оттаму посочуваат дека при употреба на овој нов вид на заштитна маска, воздухот се вдишува низ платното на заштитната маска, и тоа низ нос, а се издишува низ посебни канали вон внатрешноста на заштитната маска.

– На овој начин корисникот на заштината маска, вдишува секогаш свеж воздух, што не е случај при користењето на постоечките маски, посочуваат од НАИМ.

Авторот на овој проект, додаваат, смета дека со производството на овој вид на заштитна маска и нејзината широка употреба во светот, во значителна мера ќе се подобри ситуацијата со ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот