Наградуваниот американски драматург Теренс Мекнали почина од коронавирус

Американскиот драматург Теренс Мекнали почина на 81 година по компликации на неговото здравје предизвикани од коронавирусот, пренесува „Би-Би-Си“.

Мекнали беше добитник на повеќе Еми и Тони награди.

Пред неколку децении на Мекнали му е дијагностициран рак на белите дробови и оваа болест му ги оштети овие органи.

Угледниот драматург е автор на повеќе познати дела како „Master Class“, „Kiss of the Spider Woman“, „The Full Monty“ и The Ritz“.

Мекнали почина во болницата во Флорида, а тој минатата година ја доби наградата Тони за животен придонес во театарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот