Наградени постери на конкурсот „Сеќавање на холокаустот – никогаш и никому да не се повтори“

Комеморативната академија по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот – 27 јануари, која се одржа во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), и со која беа одбележани 75 години од ослободувањето на најголемиот нацистички концентрационен логор Аушвиц – Биркенау и 20 години од Стокхолмската декларација, беше проследена со изложба на студентски плакати на тема „Сеќавање на холокаустот – никогаш и никому да не се повтори“.

Студенти од повеќе универзитети во државата на темата одговорија со 50-ина плакати, а комисија составена од претставници на МАНУ, МНР, ФХЕМ, УКИМ, Европски универзитет, ФОН и универзитет „Визион“ додели пет награди во три категории. Првото место го освои Снежана Давиткова (Факултет за арт и дизајн, Европски универзитет Скопје), второто место му припадна на Владимир Милиќ (Факултет за ликовни уметности, УКИМ), додека третото место го поделија Наум Секуловски (Факултет за арт и дизајн, Европски универзитет Скопје), Наташа Егуменовска (Факултет за дизајн и мултимедија, отсек графички дизајн, ФОН) и Ветон Арифи (Факултет за арт и дизајн, Европски универзитет Скопје). Графичките решенија на студентите се сеќавање на сите жртви на холокаустот, меѓу нив и на 7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип, кои во март и април 1943 година беа депортирани и убиени во логорот на смртта Треблинка.

Снежана Давиткова (Факултет за арт и дизајн, Европски универзитет Скопје)
Владимир Милиќ (Факултет за ликовни уметности, УКИМ)
Наум Секуловски (Факултет за арт и дизајн, Европски универзитет Скопје)
Наташа Егуменовска (Факултет за дизајн и мултимедија, отсек графички дизајн, ФОН)
Ветон Арифи (Факултет за арт и дизајн, Европски универзитет Скопје)

Изложбата беше организирана од МАНУ, Министерството за надворешни работи и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ бр. 16, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 1-2 февруари 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот