6 C
Скопје

Награден конкурс на Фондот на холокаустот на Евреите на тема „Раскажувам фотографија“

Фондот на холокаустот на Евреите од Република Северна Македонија распиша конкурс за краток расказ инспириран од стари фотографии на тема „Раскажувам фотографија“. Секоја седмица, во петок, на ФБ-страницата на Фондот на холокаустот се објавуваат три фотографии што се поврзани со животот на Евреите во Македонија. Трите фотографии се тематски лајтмотив за расказот.

Во расказите треба да доминираат случувања од животот на Евреите во Македонија во минатото. Прифатливи би биле раскази кои можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон намалување на омразата и разградување на предрасудите, раскази кои се занимаваат со соочување со минатото, холокаустот, емпатијата, раскази кои ги поместуваат границите и отвораат пат за градење на поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите.

Прочитајте и...  Репортажни записи: „Непозната Македонија“ на Васко Марковски

Целта на конкурсот е да се поттикне продукцијата на краткиот расказ како форма што е многу популарна, современа и широко прифатена од читателската публика и која има длабоки корени во сефардската раскажувачка традиција.

Ракописите треба да се испратат на [email protected] со назнака: За конкурсот „Раскажувам фотографија“. Конкурсот почна на 16.10.2020 година, а ќе трае до 31.12.2020 година. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 20.1.2021, а наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 27.1.2021 година, Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 56, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 14-15 ноември 2020)

Поврзани вести

Репортажни записи: „Непозната Македонија“ на Васко Марковски

Тони Димков

Стихозбирка „Компјутерска поезија“: Игра со конвенционалното на Славчо Ковилоски

Тони Димков

Нова книга: „Далеку, а блиску“ од Владимир Мартиновски

Тони Димков

Книжевно списание: Педесеттиот број на списанието „Синтези“ целосно е посветен на Блаже Конески

Тони Димков

ДПМ: Плакета „Даница Ручигај“ за поетесата Билјана Станковска

Тони Димков

Фантастичен концерт на Симон Трпчески и пријателите

Тони Димков

Остави Коментар