Наградата „Свети Климент Охридски – Патрон на градот Охрид” за починатиот градоначалник Јован Стојаноски

Градот Охрид највисокото општинско признание „Патрон на градот- Св. Климент Охридски” за 2019 година постхумно ќе му го додели на прерано починатиот градоначалник Проф. д-р Јован Стојаноски.

Такавата одлука во конкуренција на пет апликации ја донесе градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, на предлог на Стручната комисија за доделување на општински награди и признанија. Во образложението на решението Георгиески наведува дека со постхумното доделување на највисокото општинско признание – наградата „Патронот на градот- Св. Климент Охридски” на прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски му се оддава должна почит и заслужено место во современата историја на Охрид.

Истовремено објавени се и добитниците на повелбата, наградата што ја доделува Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Охрид. Од доставените осум апликации и еден предлог на комисијата, повелбите за 2019 ќе ги добијат Виолета Петкоска, професор по одделенска настава во ОУ „Кочо Рацин”, за нејзините остварувања во образованието како наставник, едукатор, креатор на иновативни идеи и реализатор на повеќе проекти со меѓународна верификација, додека втората повелба оди во рацете на Планинарската спасувачка служба, за успешното етапно реализирање на трансграничниот проект за спасување на планина, со што видно придонесува во збогатувањето на туристичката понуда и безбедно одвивање на разните активности, пред се на планината Галичица.

Прочитајте и...  Милијардерот Гејтс: Лекот и вакцините за ковид-19 не треба да бидат достапни само за оние што ќе платат најмногу

Наградата и повелбите „Патрон на градот- Св. Климент Охридски” ќе бидат врачени на свечената академија што во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Охрид ќе се одржи на 7 декември во Центарот за култура „ Григор Прличев” со почеток во 20 часот.

Прочитај повеќе

Ахмети за „Ди пресе”: Време е за премиер Албанец

МИА Агенција

Брнабиќ: Државата е силна, институциите работат, насилството нема да победи

МИА Агенција

Филипче: Целосно е реновиран одделот за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија

Слободен печат

Заев од Кавадарци: 800 милиони евра за директна финансиска поддршка за земјоделството во следните 4 години

МИА Агенција

251 граѓанин казнет бидејќи не носел заштитна маска

Отец Партениј денеска ќе стане владика

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Два земјотреси во Кина

МИА Агенција

Андрикиене: Мисијата за оценка на изборите во Македонија е со ист формат како и мисиите во Србија, Хрватска и Полска

МИА Агенција

Спасовски на Свечено собрание на ДПТ: Едно општество за сите и европска држава се сигурност за сите

МИА Агенција

Дали Македонците повторно ќе бидат на вистинската страна на историјата?

Слободен печат

Трамп првпат во јавност со заштитна маска

МИА Агенција

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

МИА Агенција