Нагорно Карабах: Ерменија се заканува со употреба на оружје со голем дострел

Ерменското Министерство за одбрана е принудено да употреби оружје со голем дострел во Нагорно Карабах, соопшти портпаролката на Министерството, Шушан Степањан.

Се разгоруваат судирите во Нагорно – Карабах: Азербејџанска војска нападна војници на ерменска територија (ВИДЕО)

– Министерството за одбрана предупредува дека вооружените сили на Ерменија се принудени да употребат огнено оружје и воена техника со голем дострел за уништување на луѓе, подвижни и неподвижни имоти и воена техника на голем простор, напиша Степањан на својот Фејсбук профил.

Според неа, причина за тоа е фактот што азербејџанската војска користи тешки ракетни лансери, артилерија со голем калибар и ракетни системи „Смерч”.

Степањан укажа дека тоа ја менува логиката и размерите на борбените дејствија, подигнувајќи ги на ново ниво.

После цели 26 години Ерменија и Азербејџан повторно влегоа во војна, што е причината сега да завојуваат?

Нагорно Карабах е закана за регионалниот мир

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот