Нагло слабеење на инфлацијата во Еврозоната

Инфлација во Еврозоната нагло ослабнала во март годинава како резултат на паѓањето на цената на енергенсите

Годишната инфлација во Еврозоната, во март паднала под еден одсто заради остриот пад на цените на енергенсите, покажале во вторникот проценките на Европската статистичка канцеларија, Евростат.

Годишната стапка на инфлација во Еврозоната, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени(ХИЦП), во март, во деветнаесетчлената Еврозона во просек изнесувала 0,7 одсто, пресметале европските статистичари. Во февруари изнесувала 1,2 одсто.

Наглото слабеење на инфлацијата во март е резултат на паѓањето на цената на енергенсите, за 4,3 одсто во однос на истиот минатогодишен период. Во февруари речиси стагнирале.

Најмногу поскапела свежата храна, за 3,5 одсто. Во февруари, цените пораснале за 2,6 одсто.

Кога ќе се исклучат цените на енергенсите и свежата храна кои се подложни на осцилации, темелната инфлација во Еврозоната , во март, паднала на 1,2 одсто од 1,3 одсто во минатиот месец.

Прочитајте и...  Спасовски: Вонредната состојба го детерминира датумот на изборите

Сите големи стопанства на Еврозоната, во март забележале многу пониски стапки на инфлација отколку во претходниот месец, покажува Извештајот на Европската статистичка канцеларија.

Стапката на инфлација најмногу паднала во Франција, од 1,6 на 0,7 одсто. Во Германија паднала од 1,7 на 1,3 одсто.

Прочитај повеќе

Одложено лансирањето на ракетата, нов обид во сабота

Слободен печат

Тивок бунт во Франција: Угостителите на празни маси и со положени униформи ги сервираа своите барања

Слободен печат

Ваучер од 6 илјади денари за летување во Македонија може да добијат повеќе членови на исто семејство

Слободен печат

САД надмина 100 илјади жртви од коронавирусот

Слободен печат

Филипче: Имаме помала стапка на смртност од Грција и од Словенија

Слободен печат

Еден од платените убијци кои пукаа во црногорскиот мафијаш во Киев имал македонски пасош (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Лошото време може да го одложи стартот на ракетата на „СпејсИкс” со американски астронаути

Слободен печат

Вашингтон формално заклучи дека Хонгконг не ја задржал автономијата

Слободен печат

Заев апелира мерките да се почитуваат без исклучок

Слободен печат

ВО ЖИВО: Следете го историското полетување, НАСА и Спејсикс испраќаат астронаути во вселената

Слободен печат

Борел: Единствено дијалогот на ЕУ гарантира европска иднина на Србија и на Косово

Слободен печат

Терминот во којшто може сигурно да се очекува отворање на градинките е 15 јуни

Слободен печат