Нагло скокна бројот на новозаразени лица со ковид -19 во Србија

Фото: ЕПА

Србија денеска забележа ненадеен скок на бројот на заразени лица со коронавирусот, бидејќи во последните 24 часа се регистрирани 96 нови случаи од 4.795 тестирани лица, што е двојно повеќе од четвртокот која бројот изнесуваше 48, но епидемиолозите велат дека нема „простор за паника“, туку само претпазливост.

Епидемиологот Зоран Радовановиќ вели дека скокот на бројот на пациенти е „непријатно изненадување“, потсетувајќи дека „веќе неколку дена бројот на нови пациенти е поголем од очекуваниот“.

Неговата проценка е дека најверојатно се појавило ново жариште во последните денови.

Коментирајќи го зголемениот број на нови случаи, Радовановиќ објасни дека „епидемиолошката крива никогаш не оди рамномерно, секогаш има повремени скокови.

Тој, алудирајќи на изборната кампања за општите избори на 21 јуни, оцени дека бројот на пациенти за време на изборите може да биде меѓу нула и пет.

-Можеби на 21 јуни, нè натера да се движиме малку нестабилно кон одлуката дека сè помина, но всушност тоа сè уште трае- рече Радовановиќ, додавајќи дека можеби мерките се опуштија премногу брзо.

-Но, дури и да не е така, се случува некои жаришта да избијат, да се зголеми бројот на пациенти- вели Радовановиќ за ФоНет.

„Нема простор за паника“

-Нема простор за паника, но треба да бидеме внимателени- рече епидемиологот, член на Кризниот персонал, Бранислав Тиодоровиќ, коментирајќи го порастот на бројот на новозаразените со коронавирус.

Според РТС, Кризниот штаб по денешната седница одлучил дека, со одржувањето растојание од еден метар, веќе не постои ограничување на бројот на лица што можат да се соберат на отворено.

Во затворен простор, наместо сегашните 100, во иднина под истите услови може да бидат и до 500 лица.

Тиодоровиќ објасни дека луѓето кои се позитивни на коронавирусот, кои немаат никакви симптоми, не мораат повеќе да одат во привремени болници, туку во домашна изолација од 14 дена, по што мора повторно да бидат тестирани.

-Од 15 јуни очекуваме олеснување на сите мерки во Европа, тие ќе бидат укинати наскоро и се надевам дека и ние на Балканот ќе бидеме ослободени од тоа-рече Тиодоровиќ за РТС.

Според Министерството за здравство, во Србија во последните 24 часа починало уште едно лице од последиците од инфекцијата ковид-19, досега починаа вкупно 247 лица, додека бројот на заразени со денешните 96, се искачил на 11.667 лица.

390 лица се во болница, од кои 12 во моментот се на респираторна машина.

Од почетокот на епидемијата во Србија на 6 март, тестирани се вкупно 266.061 лица, а од вкупно 11.667 заразени излекувани се 6.931 пациенти, соопшти Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот