Нагелсман пред Ливерпул: Резултатите во Премиер лигата не се сметаат во ЛШ!

epa09007727 Leipzig's head coach Julian Nagelsmann reacts during the German Bundesliga soccer match between RB Leipzig and FC Augsburg in Leipzig, Germany, 12 February 2021. EPA-EFE/CLEMENS BILAN / POOL CONDITIONS - ATTENTION: The DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Лајпциг во вторник (21.00 часот) на неутрален терен поради коронавирусот ќе биде домаќин во Будимпешта во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул.

Клубот од „Енфилд“ ги загуби последните три натпревари во Премиер лигата, додека Лајпциг славеше на последните четири мечеви во сите натпреварувања, примајќи само еден гол. Тренерот на бундеслигашот, Јулијан Нагелсман и покрај таквиот податок, доволно е свесен за тежината на предизвикот.

– Резултатите во Премиер лигата не се сметаат во Лигата на шампионите. Можеби тие веќе се „откажаа“ од титулата во Англија и ќе влезат во Лигата на шампионите со полна сила. Кога ги слушате менаџерите од Премиер лигата, сите велат дека Ливерпул и покрај кризата е најтежок противник покрај Манчестер сити. Ливерпул е благ фаворит врз основа на искуството во меѓународните натпреварувања, но ние покажавме минатата сезона и оваа дека можеме да се справиме со такви клубови. Ние се развивме како тим – рече Нагелсман.

Лајпциг ќе биде домаќин во унгарскиот главен град, бидејќи Германија забрани патување од земјите каде што е забележано зголемување на заразата од новиот сој на коронавирус, вклучувајќи ја и Велика Британија.

– Доколку загубиме, тоа нема да биде заради стадионот, туку заради начинот на кој сме играле. Ние сме во добра серија и со добар дефанзивен перформанс на целиот тим, можеме да бидеме рамноправни со Ливерпул – додаде стратегот на Лајпциг.

Куман: Мора да живееме со проблемите, ќе биде интересно со ПСЖ!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот