Нафтениот гигант „БП” го продава својот имот на Аљаска за 5,6 милијарди долари

Британскиот нафтен гигант „БП” соопшти синоќа дека го продава сиот свој имот на Аљаска за 5,6 милијарди долари на американската компанија „Хилкорп Аљаска”. Зделката треба да биде завршена во 2020 година.

Покрај останатато, „Хилкорп” станува сопственик и на геолошко-истражувачкото одделение на „БП” во сојузната држава и плус удел во нафтоводот Транс Аљаска.

Извршниот директор на компанијата, Боб Дадли, изјави дека активносите на Аљаска биле значаен дел од работата на „БП” речиси 6 децении и дека многу придонеле во економијата на сојузната држава и енергетската стабилност на САД.

-Сепак, нашата цел е трансформација на структурата на „БП” и моментално се создаваат други возможности, како во САД така и низ целиот свет, што во најголем дел се совпаѓаат со нашата долгорочна стратегија, изјави Дадли.

Активностите на „БП” на Аљаска датираат од 1959 година. Тамошните наоѓалишта се сметаат за едни од најголемите копнени резерви на нафта и гас на територијата на САД. Моменталните резерви таму се оценуваат на 13 милијарди барели сурова нафта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот