Нафтата продолжи да бележи растечки тренд

Стапи во сила и договорот на ОПЕК и нејзините сојузници, предводени од Русија, за понатамошно намалување на производството, што треба да ја намали разликата помеѓу преголемата понуда и намалената побарувачка.

Цените на црното злато утрово продолжија да растат шести ден по ред, па на лондонскиот пазар барелот поскапи за 4,3 проценти на 28,40 долари, а на американскиот пазар за 1,4 проценти на 21,80 долари.

Порастот на цените на нафтата се должи на надежта на инвеститорите дека со постепеното придвижување на економиите во светот, ќе зајакне и побарувачката за „црното злато”. Покрај тоа, стапи во сила и договорот на ОПЕК и нејзините сојузници, предводени од Русија, за понатамошно намалување на производството, што треба да ја намали разликата помеѓу преголемата понуда и намалената побарувачка.

Тензиите меѓу САД и Кина поради обвинувањата на Вашингтон дека Пекинг малку направил за да се спречи ширењето на коронавирусот кои вчера ги зафатија светските берзи, утрово се во втор план.

Поддршка на пазарот даваат најавите од голем број на земји дека наскоро ќе ги олеснат ограничувањата воведени за да се спречи коронавирусот, што ќе ја заживее економската активност.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот