Нафтата и епидемијата тема на разговор меѓу Путин и саудискиот принц

Фото: EPA-EFE/MICHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин и принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман Ал Сауд разговараа за договорот во рамките на ОПЕК (Организација на земјите извознички на нафта), како и за подготвеноста на двете страни да продолжат да работат заедно на ова поле, соопшти денеска Кремљ.

– Првиот разговор меѓу Путин и Ал Сауд се одржа на 13 октомври, а сега тие имаа интензивна размена на мислења за спроведувањето на договорот во рамките на ОПЕК, соопшти прес-службата на Кремљ.

Покрај оваа тема, Путин и Ал Сауд разговарале и за борбата против коронавирусот и можната примена на вакцината Спутник V, што ја развиваат Русите.

– Претседателот и принцот разговараа за соработка во борбата против Ковид-19 и изгледите за употреба на вакцината Спутник V во Саудиска Арабија, додаде прес-службата на Кремљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот