Надворешноста е готова, се работи во внатрешноста: Модуларната болница во Тетово за најмногу две недели со првите пациенти

Фото: mia.mk

Монтажниот објект за болничко лекување на ковид пациенти во кругот на тетовската клиничка болница е при крај. Надворешнитe работи, со изградба на основа и поставување на монтажни ѕидни панели, се целосно готови и започнато е со работа и во внатрешноста.

– При крај се сите работи. Се работи на постувавње на санитарија и на електрична инсталација за модуларната болница. Мислам дека за една до две недели ќе биде комплетно готова и ќе може да се примаат пациенти, изјави Гзим Нуредини, координатор во ковид-центарот.

Во моментот во ковид-центарот има 15 лица од кои 10 со потешка клиничка слика.

– Само денеска се примени тројца пациенти на болничко лекување. Амбулантски прегледи има по околу 35 во една смена со тенденција на зголемување, но тоа не значи дека сите се заболени со ковид-19. Просечниот број на починати е меѓу еден и два во моментот, изјави Нуредини.

Во последната денешна евиденција на заболени од ковид за тетовскиот регион има 316 активни случаи. Пред еден месец, или на 28 декември, имало 878 активни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот