Надворешниот долг на земјата се искачи на 8,3 милијарди евра

На крајот на второто тримесечје од 2019 година бруто надворешниот долг на земјава изнесува 8,324 милијарди евра и забележа квартално зголемување од 74 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Бруто надворешните побарувања забележаа раст од 54 милиони евра и изнесуваат 5,65 милијарди евра.

извор: НБРСМ

– Поголемото квартално зголемување на обврските во однос на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 21 милион евра, со што на крајот на јуни 2019 година тој изнесува 2,67 милијради евра. Притоа, зголемувањето на нето надворешниот долг во вториот квартал произлегува од зголемувањето на приватниот нетодолг за 77 милиони евра, во услови на намалување на јавниот нето-долг за 57 милиони евра“, информираат од Народната банка.

извор: НБРСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот