Надојдените Радика и Црн Дрим го зголемија нивото на Дебарско Езеро

Акумулации / Извор: МИА

Обилните и интензивни врнежи од дожд во дебарското сливно подрачје за повеќепати го зголемија водостојот на реките Радика и Црн Дрим.

Тоа поволно се одразува и во зголемувањето на нивото на Дебарско Езеро, односно акумулацијата „Шпилје”.

-По обилните врнежи од дожд, дотекот на вода во акумулацијата „Шпилје” од река Радика изнесува околу 190 метри кубни во секунда, додека од реката Црн Дрим изнесува 36 метри кубни во секунда. Денеска котата на акумулацијата е 568,88 метри, што претставува исполнетост на акумулацијата од 36 проценти, велат за МИА од ЕСМ.

Според истот извор, моментно во акумулацијата има вода за производство на околу 16 милиони киловат-часови електрична енергија, додека до максималната кота има простор од 11 метри и 12 сантиметри.

Нормалното проектирано ниво на акумулацијата е 580 метри, а минималното 560 метри.

Според надлежните во оваа област,  поради конфигурацијата на теренот, нема опасност од поплави во ова подрачје доколку продолжи зголемувањето на водостоите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот