Надминат проблемот за македонските вина

Македонските вина ќе можат да се промовираат во Хрватска со нивните географски називи. Проблемот со пласманот кој неодамна се појави поради спорните одредбите од новиот Закон за вино на Република Хрватска, кои имаа рестриктивен карактер кон вината со потекло од Република Северна Македонија, преку комуникација со хрватските власти, успешно е надминат.

Имено, овие одредби не беа во согласност со Регулативата 1308/2013 која е облигаторна за Хрватска, како земја членка на ЕУ, ниту со Дополнителниот Протокол за вино помеѓу РСМ и ЕУ, како основен документ кој целосно ги регулира односите меѓу РСМ и ЕУ од аспект на виното.  Во решавањето и надминувањето на проблемот учествуваа и претставници на Европската Комисија.

Најзасегнати од овој проблем беа винарските визби кои извезуваат вино во Република Хрватска. Имено, на истите им беше забрането во било која форма да го рекламираат и промовираат виното од РС Македонија се географските називи на истото. Ваквите рестрикции ќе предизвикаа намалување на продажбата во маркетите, кои постоеше реална опасност да престанат да го набавуваат македонското вино.

Прочитајте и...  Минеаполис донесе забрана за задушување на лице за време на приведување

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, изминатиот период имаше интензивни работни средби со амбасадорката на Република Хрватска во РСМ, Данијела Баришиќ, а беше испратено и писмо до хрватскиот министер за земјоделство Томислав Толушиќ.  Сега, вината со потекло од Република Северна Македонија ќе можат да се рекламираат и промовираат во Република Хрватска. Ова е од големо значeње за винарските визби, бидејќи Хрватска е втора извозна дестинација за вино во шише од Македонија.

Со брзо надминување на проблемот винарските визби повторно го нормализираа своето работење, односно продажбата на вина на  пазарот во Хрватска, пред почетокот на летната туристичка сезона кога има и најголема побарувачка за вино.

Прочитај повеќе

Полицијата во Хамбург употреби водени топови против демонстрантите, еден полицаец е повреден (ВИДЕО)

Алек Стојковски

Илјадници Израелци протестираа против планот за анексија на Нетанјаху

Слободен печат

Болсонаро по стапките на Трамп: Претседателот се закани дека Бразил ќе ја напушти СЗО

Слободен печат

Одржана втората комеморација во Редфорд, родниот крај на Џорџ Флојд

Слободен печат

Неофашистите предизвикаа нереди во Рим, фрлаа шишиња и петарди по новинарски екипи (ВИДЕО)

Слободен печат

Антонов: Потполна глупост е дека Москва им помага на провокаторите на протестите во САД

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во близина на Даунинг стрит: Полицаец падна од коњот (ВИДЕО)

Слободен печат

Ангеловска: Стапката на невработеност во првото тримесечје од 2020 изнесува 16,2 отсто и е историски најниска

Слободен печат

Истражување: Повеќе од 70 отсто заразени не го пренесувале коронавирусот, тој се ширел на собири во затворен простор

Слободен печат

Партијата на Меркел се противи на одлуката на Трамп за повлекување на 9.500 војници

Слободен печат

Пазарните инспектори поднеле девет пријави за непочитување на протоколите за работа на угостителските објекти

Слободен печат

Ново жариште на коронавирусот во Иран: Бројот на заразени зголемен заради една свадба

Слободен печат