Надминат проблемот со откупот на дебарските јагниња

Според Здружението на сточарите „Даши”, во кое членуваат сточари од Дебар и Центар Жупа, непродадени се над 8.000 јагниња.

Проблемот со откупот на јагнињата од дебарскиот регион е надминат, информираше градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб.

При тоа објасни дека фирмите кои вршат откуп треба да се јават во Оперативниот штаб во Дебар, да го кажат името и презимето на возачот и регистарските таблички на возилото.

Според Здружението на сточарите „Даши”, во кое членуваат сточари од Дебар и Центар Жупа, непродадени се над 8.000 јагниња. Во изминатите години откуп вршеа две фирми, една од Гостивар и една од Скопје, а дебарските јагниња главно завршуваа на италијанскиот пазар пред велигденските празници.

На прес – конференцијата безбедносната состојба Дука ја оцени како добра и додаде дека во текот на ноќта не се регистрирани прекршувања на полицискиот час и оти се минало во најдобар ред.

Прочитајте и...  Експерти од Ербас ја истражуваат авионската несреќа во Пакистан

-Вчера и денеска нема новодијагностицирани со „Ковид-19″ од Дебар, а очекуваме резултати од 19 тестови. До сега бројот на заразени е 47 лица од нив четворица починати. Во домашна изолација се се уште 198 лица, од нив денеска 61 лице ќе ја напушти изолацијата. Лицата (26) кои се на домашно лекување денеска ќе бидат тестирани, информираше Дука на прес – конференција.

Информираше и околу расчистувањето на снегот во градот каде дебелината на снежната покривка е над 40, а во повисоките населени места околу 60 сантимтери.

Во расчистување на снегот од улиците во градот и населените места вклучена е соодветна механизација од фирмата која е избрана на тендер, додека снегот од тротоарите во градот го отстрануваат вработените од Јавното комунално претпријатие „Стандард”.

Прочитајте и...  Од утре почнува исплатата на мајските пензии

Прочитај повеќе

На изборите за датум најверојатно ќе победи 5 јули!

Соња Христовска Угриновска

Естонија со апликација за дигитални имунолошки пасоши

Слободен печат

Вамен: Најголем пад на економијата во Данска од Втората светска војна

Слободен печат

Ирските пабови пред банкрот

Слободен печат

Трамп најави повлекување на американските војници од Авганистан

Слободен печат

Историски план на Макрон: Осум милијарди евра помош за производителите на автомобили

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Укинат полицискиот час, бројот на заразени од Ковид-19 надмина две илјади

Слободен печат

Владата треба да направи проценка дали е потребна нова вонредна состојба, исход за датум за избори

Слободен печат

Облачно време со дожд и ветер, температура до 22 степени

Слободен печат

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Димитров ќе земе учество на конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива

Слободен печат

„Излегувај надвор“- Жена без маска грубо избркана од маркет од купувачите (ВИДЕО)

Слободен печат