Надлежните ги расчистуваат улиците од снегот во Охрид

Снег на превоите Фото/ МИА

Врнежите на снег што го зафатија охридскиот регион ги активираа оперативните служби од Јавното претпријатие „Охридски комуналец” кои почнаа со расчистување на улиците низ градот и околните населени места, со приоритет на критичните точки. Расчистувањето на снежните наноси започна од Велестово, односно на повисоките места каде одвивањето на сообраќајот и движењето на граѓаните е најотежнато.

Како што информираше градоначалникот Кирил Пецаков, на располагање е ставена целокупната соодветна механизација со цел побрзо расчистување на снегот и зголемување на безбедноста и на граѓаните, како и во сообраќајот. Тој апелираше да се почитуваат пропишаните мерки за одвивање на сообраќајот во зимски услови за поголема безбедност на сите.

Со цел да се избегнат несакани последици, службите апелираат до граѓаните да не се движат на повисоките места, освен во случај кога е неопходно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот