Надежите со победата над Црна Гора го заверија второто место

фото: ФФМ

Фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година со победа ги заврши квалификациите за Европското првенство, но иако заврши како второпласирана во групата, не обезбеди пласман на континенталниот собир.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски со 2:1 ја совладаа Црна Гора и квалификациите ги завршија со пет победи, три ремија и два порази, што беше доволно во групата „6“ за второ место со 18 бодови. Апсолутен фаворит во нашата група е Шпанија која ќе игра на ЕП и токму „црвената фурија“ ни ги нанесе двата порази.

Иако на дуелот со Црна Гора, селекторот Милевски не можеше да смета на неколку фудбалери, според прикажаната игра, победата е сосема заслужена.
Младите фудбалери триумфот го најавија уште во 13. минута кога Марко Ѓорѓиевски го отвори резултатот. Во второто полувреме, Бојан Миовски во 78. минута од пенал зголеми на 2:0, додека Црна Гора намали во самиот финиш од натпреварот преку Никола Крстовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот