Надежите поразени и од Летонија (ВИДЕО)

фото: ФФМ

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година е поразена со минимални 0:1 од Летонија на турнирот „Анталија куп 2019“.

По поразот во првото коло од Украина со 1-3, сега македонските надежи не успеаја да стигна до позитивен резултат и против Летонците кои до триумфот стигнаа со гол во првото полувреме.

Во последниот натпревар на турнирот, во вторник (26. март) Македонија игра со селекцијата на Естонија. Ова е прв собир за Милевски со новата генерација македонски фудбалери кои наредниот период ги очекуваат подготовки за септемврискиот старт на квалификациите за ЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот