Надежите по трета победа во квалификациите за ЕП - Слободен печат

Надежите по трета победа во квалификациите за ЕП

Македонската репрезентација до 21 година денеска од 14.30 часот ќе го игра третиот квалификациски натпревар против Казахстан за пласман на Европското првенство 2021 година.

Селекцијата на Благоја Милевски по воведните две кола има максимални шест бодови по домашниот триумф со Фарски Острови од 7:1 и победата во Подгорица против Црна Гора од 2:1.

– Ги оставаме зад нас првите два натпревари во кои остваривме две победи. Секогаш е специфично да се добие натпревар против противник за кој јавноста смета дека ќе биде лесно. Казахстан воопшто не е наивна репрезентација, играат брзо, тактички се одлично подготвени и мораме да бидеме многу внимателни и добри во дуелите доколку сакаме победа. Наше е да го одиграме тоа што го бара селекторот, а доколку успееме во тоа, мислам дека сме на прав пат – младиот репрезентативец, Агрон Руфати.

Дуелот меѓу македонската репрезентација до 21 година против Казахстан ќе 14:30 часот на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

(У21) Квалификации ЕП 2021

Група 6

14.30 часот Македонија-Казахстан
18.35 часот Израел-Фарски Острови
18.45 часот Црна Гора-Шпанија

Табела:

1.Шпанија 6 бодови
2.Македонија 6
3.Казахстан 6
4.Израел 3
5.Црна Гора 3
6.Фарски Острови 0

Прочитај повеќе

Ерлинг Халанд: Новото големо фудбалско чудо (ВИДЕО)

Слободен печат

Трагедија во Англија: Фудбалер почина откако бил претепан пред ноќен клуб

Слободен печат

МЗТ Скопје супериорен во дербито со Куманово

Слободен печат

Баерн го торпедира Шалке и дојде на бод од лидерот Лајпциг (ВИДЕО)

Слободен печат

Норвешка подобра од Словенија во натпреварот за бронзениот медал

Слободен печат

Сагосен го урна рекордот на Лазаров (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

2 × 5 =

Прочитај повеќе

Тотенхем замената за Кејн ќе ја бара во Бундес лигата

Слободен печат

Турција бара екстрадиција на поранешен репрезентативец, се соочува со 15 години затвор

Слободен печат

Очајната Барселона поразена на „Местаља“ од Валенсија

Слободен печат

Сари: По Јувентус одам во пензија

Слободен печат

Загревање пред дербито: Навивачите на Валенсија и Барселона се испотепаа на улица (ВИДЕО)

Слободен печат

Македонија благодарение на Вардар ќе има учесник во новата ракометна Лига на шампиони

Слободен печат