Надал за свадбата на година ги покани Федерер и Роналдо, но не и Ѓоковиќ

По Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ и третиот член на големата тениска тројка, Рафаел Надал, ќе застане на лудиот камен. Првите информации кои протекоа за свадбата на годината во Шпанија се дека таа ќе се одржи на ексклузивна локација чија вредност изнесува 120 милиони евра. Втората не помалку важва вест која ја открија медиумите е дека меѓу поканетите се наоѓа големиот ривал, Рожер Федерер, додека Новак Ѓоковиќ не доби покана.

Местото кое на 19 октомври ќе биде во центарот на тениските случувања се наоѓа во Мајорка, родното место на Рафаел Надал. Имотот „Форталеза“ на наоѓа во заливот Поленса и се смета за еден од најскапите имоти во Шпанија. Форталеза е подигната 1628 година како заштита за островот од пиратите, а во 1920 година е претворена во приватен имот и прв човек кој го користел бил аргентинскиот сликар Роберто Рамог.

Имотот во меѓувреме неколку пати доживеа реконструкција и сега има шест куќи, два базени, еден мал замок, 17 гостински соби. Актуелен сопственик на имотот „Форталеза“ е британскиот банкар Џон Огден кој во 1989 година го купил за дури 40 милиони евра. Денеска вредноста на „Форталеза“ е процената на 100 до 120 милиони евра.

Токму во „Форталеза“, Надал и неговата избраничка Чиска по 14 години забавување, ќе стапат во брак.
На свадбата се очекува да има околу 500 гости, а некои од најпознатите имиња се тие на Рожер, Федерер, По Гасол, Енрике Иглесијас, Кристијано Роналдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот