Надал за Ѓоковиќ: Новак е еден од најдобрите на сите времиња

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Во полуфиналето на Ролан Гарос фановите ќе уживаат во нова тениска класика бидејќи меѓу себе ќе играат едни од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Надал во четвртфиналето по победи Диего Шварцман со што дојде до 105. победа во 107. меч на Ролан Гарос, додека Ѓоковиќ во четири сета беше подобар од Матео Беретини.
Ѓоковиќ е еден од само двајцата тенисери (вториот е Робин Содерлинг) кои го победиле Надал на Ролан Гарос.
– Кога играте против Новак, најдобра работа е што знаете на што сте. Поточно, мора да го прикажете најдобриот тенис. Тоа е добро бидејќи за тоа тренираме и живееме, баш за таквите моменти Лошата работа е што ќе биде многу тешко, Новак е еден од најдобрите тенисери на сите времиња – изјави Надал.

Ролан Гарос: Ѓоковиќ закажа нова класика против Надал!

Ролан Гарос: Во Париз ќе има нова шампионка, Сакари ја елиминира Швјонтек

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот