Надал за Ѓоковиќ: Доколку навистина сте повредени, невозможно е да го освоите турнирот!

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Рафаел Надал вели дека во мечот против Фабио Фоњини ја покажа својата досега најдобра партија на „Австралија опен“.

Шпанецот иако пред почетокот на грен слем турнирот во Мелбурн имаше повреда со грбот, вториот тенисер на светот се наоѓа во четвртфиналето без загубен сет.

– Во првиот сет ја покажав својата најдобра игра досега. Тоа е нормално, бидејќи можев да тренирам два дена по ред. Не тренирав нормално во последните 19 дена, но вчера почнав повеќе да работам, а потоа забележав важна победа – рече Надал.

Овој период тема се и повредите на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, новинарите често се обидуваат да објават нешто што би било интересно, а што би можело да биде во врска со српскиот ас.

Така, претставниците на „седмата сила“ го прашаа Ноле како после повреда одлучува дали ќе остане на турнирот или се откаже, еве што одговори Шпанецот:

– Зависи од природата на повредата. На пример, на „УС Опен“ во 2009 година, започнав повреден. Стигнав до полуфиналето и загубив од Дел Потро. После тоа, повредата беше уште поголема. Значи, не се однесував паметно… Исто така, тоа зависи од распоредот по тој турнир. Потоа морав да паузирам околу еден месец. Неопходно е да се најде рамнотежа. Но, во оваа фаза од мојата кариера, веројатно не би играл затоа што среќата ми е поважна од можноста за победа.

Во таа ситуација, доколку навистина имате физички проблеми, нема да победите. Доколку чувствувате болка, но не ве ограничува толку многу, тогаш може да најдете начин. Но, доколку навистина, навистина имате повреда, невозможно е да се освои ваков турнир – додаде Надал кој ќе се обиде да стигне до 21 грен слем титула во Мелбурн, и така би го престигнал Рожер Федерер на вечната листа.

Надал руши сè пред себе: Рафа без загубен сет во четвртфинале!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот