Надал: Вимблдон не ги почитува тенисерите
Рафаел Надал изјави дека не е среќен со начинот на кој Вимблдон го одредува статусот на носителите на својот турнир.
Организаторите на најпрестижниот тениски турнир користат посебна формула според која се гледаат резултатите на настапите на тенисерите само на турнирите на трева и тоа во последните две години.
Поради тоа, Надал иако се наоѓа на второто место на АТП ранг листата, тој на Вимблдон е поставен за трет носител, Новак Ѓоковиќ е прв носител, додека изненадувачки на второто место е поставен Роже Федерер.
Тоа значи дека Надал во полуфиналето би го очекувала пресметка со Ѓоковиќ или со Федерер.
– Мислам дека не е во ред Вимблдон да биде единствениот турнир кој има сопствен систем на одредување на носителите. Тоа не е вообичаено и поради тоа можат да прават што сакаат. Но, без разлика на тоа, не ми грижа дали сум втор или трет носител, морам да играм на највисоко ниво доколку сакам да ја освојам титулата. Работата не е до мене, повеќе сум револтиран поради останатите тенисери. Луѓето од Вимблдон не го почитуваат тоа што тенисерите го работат во текот на целата сезона. Треба да се гледаат резултатите од последните 12 или 24 месеци но без разлика на која подлога се игра – вели Надал.