Надал ужива во Париз, Ѓоковиќ го фаќа нервоза

twitter.com/bbctennis

Ѓоковиќ заедно со Тим одбија да се вратат на теренот поради неидеалното време за игра и одлучија да го напуштат тенискиот комплекс.

Како што тениските фанови предвидуваа ново финале меѓу Ѓоковиќ и Надал, истото би можело и да не се случи, а причината би се викала Доминик Тим кој до сега има еден одличен турнир.

До моментот на прекинот, Австриецот имаше позитива, најпрвин првиот сет го освои со убедливи 6:2.

Возврати Србинот на сличен начин и израмни на 1:1 во сетови освојувајќи го вториот со 6:3, а во третиот Тим водеше со 3:1 во гемови.

Организаторите соопштија дека мечот ќе биде продолжен в сабота, но не е познат точниот термин. Претходно Рафаел Надал многу полесно од очекувањата го совлада својот голем ривал и пријател, Роџер Федерер.

Да додадеме уште дека женското финале меѓу Барти и Вондрушова ќе започне од 15.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот