Надал со тешка одлука: Нема да учествува на „Вимблдон“ и Олимписките игри во Токио!

Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Шпанскиот тенисер преку социјалните мрежи ја информираше јавноста дека нема да биде дел од следниот грен слем турнир „Вимблдон“, како и претстојните Летни олимписки игри во Токио.

Одлуката на Рафа доаѓа на помалку од една недела по поразот од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос.

– Решив да не учествувам на овогодинешниот шампионат на „Вимблдон“ и на Олимписките игри во Токио. Никогаш не е лесно да се донесе ваква одлука, но откако го слушав моето тело и дискутирав за тоа со мојот тим, разбирам дека тоа е правилна одлука со цел да ја продолжам кариерата и да продолжам да го правам тоа што ме прави среќен, а тоа е да се натпреварувам на највисоко ниво ниво и продолжам да се борам за оние професионални и лични цели – напиша Надал.

Надал објасни дека врз неговата одлука значително влијаело недостатокот на слободно време меѓу двата грен слема.

– Фактот дека има само две недели помеѓу „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“ не го олесни моето тело да се опорави по секогаш макотрпната сезона на земја. Тоа беа два месеци на голем напор – додава Надал.

Да додадеме уште дека „Вимблдон“ ќе се одржува во периодот од 28 јуни до 11 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот