Надал со експресна победа го започна настапот на Мастерсот во Мадрид

epa09179287 Rafael Nadal of Spain in action during his round of 32 match against Carlos Alcaraz of Spain at the Mutua Madrid Open tennis tournament in Madrid, Spain, 05 May 2021. EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Рафаел Надал на фуриозен начин ги започна настапот на Мастерсот во Рим, тој на својот наследник му препушти само три гема. Надал со 6:1,6:2 го победи Карлос Алкараз и тоа на неговиот 18 роденден, во второто коло на турнирот во Мадрид.
Алкарез единствената шанса за брејк ја имаше во првиот гем, не успеа да ја искористи и од тој момент се беше во знакот на Надал. Вториот тенисер на АТП ранг листата освои пет гемови по ред за триумф од 6:1 во првиот сет.

Идентично сценарио имаше и во вториот сет, Надал направи два брејка и поведе со 3:0, а Алкарез успеа да врати еден брејк. Надал потоа повторно го одзеде сервисот на младиот тенисер и рутински го заврши сетот.

Нареден противник на Надал ќе му биде подобриот од дуелот Попирин – Синер.
Покрај Надал, пласман во наредната рунда обезбеди и Данил Медведев кој во три сета со 4;6,6:4,6:2 го победи Давидович Фокина, како и Александар Зверев кој го елиминираше Кеи Нишикори во два сета (6:3,6:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот